За нас 2018-05-28T06:09:28+00:00

Нешто повеќе за нас

Идеите се како риби. Ако сакаш да ловиш мали риби, можеш да останеш во плиткото. Но, ако сакаш да ја уловиш големата риба, мораш да одиш подлабоко. Долу во длабокото, рибите се помоќни и почисти.
Д. Линч

Ги поставивме основите на нашата агенција, како модел кој може да понуди комплетна и софистицирана услуга, од идеја до остварување. На време и во рамките на буџетот. Создадовме успешен тим на креативци и маркетинг експерти, но развивме и широка мрежа на надворешни соработници.
Подготвени сме да креираме оригинални комбинации на стратегија, креативност и технологија кои ќе ја оправдаат вашата инвестиција. Се стремиме да ги разбереме потребите на брендот и ефикасно да ги исполниме вашите очекувања.

Наши активности

Маркетинг

Нашата цел е да ја спроведеме вашата порака до потрошувачите, користејќи креативен адвертајзинг и маркетинг. Доколку една порака се пласира на вистинскиот начин, таа има моќ не само да ја информира, но и да ја трансформира публиката. Да го менува начинот на размислување и на дејствување.

Видео продукција

Ви нудиме комплетна услуга за видео продукција, од концепт и сценарио до снимање и финална обработка. Нашиот тим е составен од креативни професионалци со повеќегодишно искуство. Имаме изградено чувство за потребите на клиентот, брендот и пазарот. Можеме да бидеме флексибилни во поглед на буџетот и средствата, но инсистираме на иновативност и инспирација во работата.