БУМЕРАНГ продукција

За нас

За нас

Ги поставивме основите на нашата агенција, како модел кој може да понуди комплетна и софистицирана услуга, од идеја до остварување. На време и во рамките на буџетот.

Создадовме успешен тим на креативци и маркетинг експерти, но развивме и широка мрежа на надворешни соработници.

Подготвени сме да креираме оригинални комбинации на стратегија, креативност и технологија кои ќе ја оправдаат вашата инвестиција.

Се стремиме да ги разбереме потребите на брендот и ефикасно да ги исполниме вашите очекувања. Вашата визија и цели ги сфаќаме како лични проекти кои енергично ги спроведуваме до посакуваниот резултат.

Маркетинг

Маркетинг

Секоја порака е бесмислена доколку не допре до избраната публика. Нашата цел е да ја спроведеме вашата порака до потрошувачите, користејќи креативен адвертајзинг и маркетинг. Доколку една порака се пласира на вистинскиот начин, таа има моќ не само да ја информира, но и да ја трансформира публиката. Да го менува начинот на размислување и на дејствување.

  • Стратегија
  • Платформа
  • Позиционирање

  • Корпоративен идентитет
  • Лого
  • Комплетен визуелен идентитет
  • Пакување

  • Адвертајзинг
  • PR

  • Медија планирање и закуп

  • Web страници
  • Web промоции и маркетинг
Продукција

Видео продукција

Boomerang ви нуди комплетна услуга за видео продукција, од концепт и сценарио до снимање и финална обработка. Нашиот тим е составен од креативни професионалци со повеќегодишно искуство. Имаме изградено чувство за потребите на клиентот, брендот и пазарот. Можеме да бидеме флексибилни во поглед на буџетот и средствата, но инсистираме на иновативност и инспирација во работата. Мотивирано и со страст ги решаваме и најкомплексните проекти.

  • Промотивни спотови и реклами
  • Корпоративни/индустриски видеопрезентации
  • Тестемонијали
  • 2Д и 3Д Анимации
  • Телевизиски проекти
  • Документарни филмови
  • Музички спотови
  • Адаптации
  • Кастинг
  • Радио реклами

Евенти

Брендовите мораат да најдат иновативни и креативни начини за да се издвојат од толпата. Не се надевајте дека потрошувачите едноставно ќе дојдат до вашиот бренд. Вие морате да го доведете брендот до потрошувачите. Boomerang ви нуди комплетна услуга која вклучува стратегија, креативен развој, организација и сценски настап. Нашата цел е да ги споиме луѓето и брендовите преку забава, едукација и незаборавни искуства со кои ќе ја мотивираме публиката да го претпочита токму вашиот бренд пред останатите.



Корпоративни евенти Корпоративни евенти

Организираме настани наменети за вработените во вашата фирма, за вашите соработници и бизнис партнери. Преку ваквите активности позитивно ќе влијаете на луѓето во вашата фирма, ќе ги подобрите меѓучовечките односи и ќе ја зголемите нивната ефикасност и лојалност, а на надворешните соработници и партнери ќе им дадете мотив повеќе да ја продолжат соработката со вашата фирма.

  • Годишни прослави
  • Празнични прослави
  • Забави за вработените
  • Деловни состаноци
  • Team building

Комерцијални евентри Комерцијални евенти

Ефикасна алатка за привлекување на вниманието на јавноста, пласирање на информации за производи или услуги и креирање на позитивно мислење за вашиот бренд.

  • Прес конференции
  • Саемски презентации
  • Промоции на производи и услуги
  • Спонзорски/партнерски евенти
  • Премиери
  • Концерти
  • Свечени отворања
  • Коктел приеми



Хуманитарни евенти Хуманитарни евенти

Ставете го својот успех во фунција на хуманоста. Ние ќе ви овозможиме учество или организација на настан од хуманитарен карактер, со што вашата фирма ќе го зацврсти позитивниот имиџ кај јавноста. Вашата позиција како социјално одговорен деловен субјект кој се гирижи за оние на кои помошта им е најпотребна ќе биде препознаена од јавноста.





  • БУМЕРАНГ АВЕ ДОО Скопје

  • бул. Видое Смилевски Бато Бр. 37/4-3, 1000 Скопје
  • +389 (0) 70 350 504